Почетна
Македонија

Оризопроизводителите од Кочанско бараат државата да им дозволи сами да увезуваат препарати за заштита

Жетвата почна во Зрновци; производителите предупредуваат на ниски приноси поради плевел и бараат регулаторни мерки и субвенции.

·Македонија
Оризопроизводителите од Кочанско бараат државата да им дозволи сами да увезуваат препарати за заштита

Жетвата на оризот во кочанскиот регион почна, првите површини се ожнеани во Зрновци, а во општина Чешиново-Облешево официјалното зажнејување почнува утре. Оризопроизводителите од таа општина, каде се наоѓаат и најголемиот дел од нивите посеани со ориз, се жалат дека годинава ќе имаат ниски приноси поради појава на плевел.

Производителите бараат да им се дозволи увоз на препарати од страна на регистрираните земјоделци

Според производителите, неефикасните препарати за заштита на нивите ќе им го изедат родот. Тие очекуваат од нивите со ориз и плевел приноси од 300 до 350 килограми оризова арпа по декар, а веќе се соочуваат и со ниска откупна цена на самиот почеток на жетвата.

Земјоделците бараат државата да им дозволи на регистрираните земјоделци сами да ги увезуваат препаратите за заштита на нивите. Тие велат дека наскоро се очекува да се направи калкулација и за производната цена.

Како долгорочно решение, производителите предлагаат донесување посебен Правилник што ќе го регулира откупот и продажбата на бел ориз, со цел заштита и на производителите и на граѓаните, бидејќи моментално ќарот е кај откупувачите и трговците.

Во кочанско годинава под ориз се околу 4.000 хектари, а земјоделците посочуваат дека во амабарите е складиран дел од родот од 2024 и 2025 година. Тие бараат од Владата и од ресорното министерство да добијат субвенции за зелена нафта, што би ги намалило трошоците за жетвата на оризот во следните два месеца.

Викторија Јованова

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи