Почетна
Македонија

Осуденик по кого има меѓународна потерница се појави на бугарска телевизија и ја бранеше ќерката пред судот во Кочани

Осудениот од случајот „Детонатор“ се претстави како татко на обвинетата во сообраќајната несреќа во Кочани.

·Македонија
Осуденик по кого има меѓународна потерница се појави на бугарска телевизија и ја бранеше ќерката пред судот во Кочани

Осуденикот Симеон Михаилов од Кочани, за кој македонските власти имаат распишано меѓународна потерница, оваа недела даваше изјави на бугарски телевизии и ја презеде јавната одбрана на жена која е на суд во Кочани и заради која кажа дека е нејзин татко.

Михаилов, за кој постои правосилна пресуда од 12,5 години за обид за убиство на Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, во предметот наречен „Детонатор“, беше гостин во емисијата „Здраво Бугарија“ на ТВ НОВА и се претстави како татко на Ива Михаилова. Таа се наоѓа пред суд по сообраќајна несреќа во Кочани што се случи лани и во која загина едно лице.

На рочиштето во Кочани вчера присуствуваа и неколку пратеници од бугарското Собрание и голем број медиуми, откако Михаилова — која има двојно македонско и бугарско државјанство — се пожали на дискриминација и тврдеше дека ѝ е оневозможено да прима лекување во Република Бугарија.

Министерството за внатрешни работи потврди дека за лицето кое се претстави во јавноста постои активна меѓународна потерница. „Ве информираме дека меѓународната потерница за лицето за кое се однесува Вашето прашање е се уште активна“, велат од МВР.

Во интервјуто за бугарската телевизија Михаилов, кој е баран и има правосилна пресуда, и ја вклучи и политиката во својата јавна одбрана.

Михаилов е еден од петнаесетмината осудени во случајот „Детонатор“, група поврзана со криминално подземје во Кочани и Виница за која се изречени казни за обид за убиство, насилство, лихварство, изнуда и недозволено држење оружје. Полициските билтени до 2013 година забележуваа случаи со запалени автомобили, подметнати бомби и меѓусебни пресметки во дискотеки и кафулиња.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи