Почетна
Свет

Осум полицајци уапсени за случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ

Прокуратурата тврди дека внатрешната контрола не постапувала по наредбите за апсење.

·Свет
Осум полицајци уапсени за случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ

Осум полициски службеници во Србија се уапсени поради сомневања дека го злоставувале и мачеле Далибор Драгијевиќ, кој почина на 7 април 2024 година во просториите на Полициската управа во Бор. Сите осомничени добија 48 часовен притвор.

Јавниот обвинител: внатрешната контрола не постапувала

Од Јавното обвинителство во Ниш соопштуваат дека во претходниот период биле издадени повеќе наредби за апсење, но дека Министерството не реагирало на нивните барања. „Јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Ниш во претходниот период издавал наредби за лишување од слобода на сите осомничени за наведените кривични дела, но припадниците на Секторот за внатрешна контрола не постапувале по наредбите на јавниот обвинител."

Драгијевиќ беше уапсен во април минатата година под сомнение дека му помогнал на својот брат да го премести телото на двегодишната Данка Илиќ. Девојчето исчезна на 26 март 2024 година во Бањско Поље, каде што беше со нејзината мајка и брат.

По повеќедневната потрага, двајца вработени во локалниот Водовод – Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ – на 4 април признаа дека го убиле детето, наведувајќи дека со службено возило ја удриле, ја ставиле во автомобилот – во кој Драгијевиќ ѝ нанесол фатален удар – а потоа телото го фрлиле на депонија. Неколку месеци подоцна ги повлекоа признанијата, тврдејќи дека ги дале поради тортура која ја претрпеле. Две и пол години откако исчезна, се уште е непознато каде е двегодишната Данка Илиќ.

Паралелно, полицијата отвори истрага и против деветмина други полицајци – сегашни или поранешни членови на единицата за обезбедување лица и објекти – кои се сомничат дека мачеле повеќе лица во гаражата на Владата на Србија. Нападнатите, според пријавите, учествувале на протести против поранешниопт претседател Александар Вучиќ.

Истрагата продолжува; обвинителството најавува натамошни процесни чекори додека се работи на расветлување на смртта на Драгијевиќ и нејзината врска со исчезнувањето на Данка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи