Почетна
Македонија

Осум пожари сè уште активни, три под контрола — гори кај дивата депонија и кај старите гробишта во Прилеп

Осум пожари остануваат активни, три се ставени под контрола од вкупно 20 регистрирани до 18 часот.

·Македонија
Осум пожари сè уште активни, три под контрола — гори кај дивата депонија и кај старите гробишта во Прилеп

Осум пожари на отворен простор сѐ уште се активни низ државата вечерва, а три се ставени под контрола, од вкупно 20 регистрирани до 18 часот, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари се пријавени во Сарај, кај селото Копаница; во Трново во гостиварското подрачје; како и кај селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, каде огнот опфатил нискостеблеста шума, пасишта, папрат и друга ниска вегетација.

Огнот е активен и над Нежилово во Чашка, во месноста Сватови, каде гори ниска вегетација и поединечни дрвја, како и во Копанце во Општина Јегуновце, каде е зафатена мешана шума.

Во Прилеп гори кај дивата депонија над касарната и кај старите гробишта; пожари беа регистрирани и кај охридските села Велмеј и Брежани, како и во прилепското село Црнилиште.

Пожари ставени под контрола

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Црквенец, како и огнот на потегот Моране–Вртекица–Рамни Габер во Општина Студеничани, со крак кон Палиград и кон селата Вражале и Тисовица во Општина Зелениково.

Пожарот кој гореше под тетовското Кале избувнал од детска игра; за малку ќе пламнеле куќи.

Фото: ДЗС

Поврзани написи