Осуммина убиени во вооружен напад во Турција
Напаѓачот стрелал во три села во регионот Ихсанија; осомничениот уапсен по престрелка со жандармеријата кај Сејит‑Гази.

Најмалку осум лица се убиени, а едно е тешко повредено во вооружени напади на три локации во регионот Ихсанија, во турската покраина Афјон‑карахисар.
Напаѓачот со пушка пукал врз луѓе во три села во областа, по што избегал со возило.
Осомничениот лоциран и опколен кај Сејит‑Гази
Полицијата веднаш започнала потрага по осомничениот и го лоцирала во близина на Сејит‑Гази во покраината Ески‑шехир, по што го опколила.
При обидот за апсење, тој отворил оган врз припадниците на жандармеријата, при што двајца биле полесно повредени. Осомничениот на крајот бил совладан и уапсен.
Турските власти соопштија дека сите надлежни институции се вклучени во истрагата за целосно расветлување на мотивите и околностите на нападите. Патиштата кон погодените подрачја се блокирани, а истрагата продолжува.
Фото: прес-материјал од настанот


