Пелагониски сточари најавуваат блокада на Меџитлија поради неисплатени субвенции
Сточарите бараат исплата на субвенциите за 2025 и велат дека ќе го блокираат Меџитлија доколку парите не пристигнат до крајот на неделата.

Пелагониските сточари најавија дека ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија со механизација ако до крајот на неделава не им се исплатат заостанатите субвенции за 2025 година.
Бараат итни исплати и средба со премиерот
Од земјоделското здружение „Пелагониско Поле“ велат дека протестот е резултат на доцнењето на исплатите на субвенции по грло добиток и на премијата за предадено млеко за 2025 година, а се пожалија и дека парите за 2026 година исто така доцнат.
„Премиерот рече дека со раблансот ќе се исплатат субвенции и дека најмногу пари се дадени досега. Но, јас гледам дека сега моментално имам најмалку пари во џебот. Најголемата поддршка на оваа Влада беа земјоделците, а сега треба да протестираме против нив. Млекото лани од 33 денари откупна цена по литар паднаа на 24. Сега има најава за 22 денари. Едно шише вода од литар и половина е над 30 денари. Кајмакот го јадат млекарниците, граѓаните плаќаат за млеко, а пијат вода“, рече Никола Брсаковски, сточар од пелагониското село Црнобуки.
Земјоделците од Струмица, кои четврти ден протестираат против ниските откупни цени, побараа каде се пратениците и градоначалниците да ги заштитат, рекоа организаторите.
„Пелагониско Поле“ бара итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и изрази незадоволство од односот на раководството на Министерството за земјоделство, кое засега не успеало да ги реши проблемите со доцнењето на исплатите.
Фото: СДК.МК)