Песков: Зеленски лично одбива почеток на мировниот процес
Москва обвинува Киев за кршење на примирјето и за продолжување на напади врз руски рафинерии.

Москва го обвини Киев дека го прекршил енергетското примирје што за време на викендот го објави американскиот претседател Доналд Трамп, и соопшти дека украинските сили продолжиле да ја бомбардираат руската нафтена инфраструктура и по објавувањето на прекинот на огнот.
Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, изјави дека Москва тврди оти Киев и претседателот Володимир Зеленски лично одбиваат да го започнат мировниот процес.
Отфрлање на критиките од Европа
Песков ги отфрли критиките на европските држави за договорот за извоз на руска нафта кој го постигнаа Москва и Вашингтон и ги обвини дека се однесуваат како да се страна во конфликтот наместо да го поздрават договорот.
“Продолжуваме да го гледаме деструктивниот стан на европските држави. Наместо поздравување на овој договор, тие го подложија, особено претседателот Трамп и одлуките на американските преговарачи, на прилично жестоки критики. Во последно време, Европа навистина доследно постапува како завојувана страна, изјави песков.
Трамп го објави примирјето преку своите профили на социјалните мрежи во неделата, но не даде детали за оперативниот обем на прекинот на огнот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави примирјето како добра вест, но посочи дека Русија продолжила да ја бомбардира украинската енергетска инфраструктура. Според украинските власти, поради тие удари вчера околу 600.000 Украинци останаа без електрична енергија.
Фото: прес-материјал од настанот


