Почетна
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, два под контрола

Пет пожари се активни, два се под контрола, три се изгаснати; интервентните екипи продолжуваат со гасења во неколку општини.

·Македонија
Пет активни пожари низ Македонија, два под контрола

Пет пожари остануваат активни на територијата на земјата, два се пријавени под контрола, а три се целосно изгаснати, соопштуваат надлежните. Бројката на регистрирани пожари на отворен простор се движи во просек меѓу 20 и 25 дневно, а гаснењата продолжуваат во неколку општини додека ситуацијата постепено се нормализира.

Активни пожари има во подножјето на планината Китка и во општините Македонски Брод — каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума; Јегуновце, каде еден крак од пожарот се префрли на територијата на општина Сарај кај селото Бојане; и Велес, каде неколку краци се префрлија кон скопско Зелениково и гори мешана дабова шума и ниска вегетација. Во населбата „Балканска“ во Штип исто така има пожар, но нема опасност по имотот на граѓаните.

Напредок во гаснењата, остануваат ризични терени

„Пожарот кој повеќе денови гори на територијата на Општина Македонски брод во атарот на село Драгов дол, значително е намален благодарение на модулот на ДЗС, благодарение на полицискиот хеликоптер кој вчера цел ден работеше но и трите ер трактори“. Повеќе негови краци се успешно изгаснати, останува само еден дел на карпест терен каде е исклучително ризично и тешко движењето на луѓето. Во атарот на Општина Студеничани кај селото Рамни Габер се уште активен е пожарот кој се одвива низ трње, грмушки, габер и неквалитетна шума но на исклучително тешко пристапен а ан некои места апсолутно непристапен терен на кој не е возможно да се пристигне со возила. Продолжува гаснењето на бригадата на скопските пожарникари“ – Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Скопските пожарникари заедно со тимовите на „Македонски шуми“ и ДЗС го одржуваат фронтот на подножјето на Китка, каде веќе шести ден се обидуваат да го локализираат огнот. Во Македонски Брод повеќе краци се изгаснати, но останува една локација на стрмен карпест терен каде приодот и движењето се исклучително ризични.

Во Општина Студеничани, кај селото Рамни Габер, пожарот се шири низ трње, грмушки, габер и неквалитетна шума на терени тешко пристапни за возила, што ја отежнува интервенцијата. Во меѓувреме, пожарот во населбата „Балканска“ во Штип се следи, но засега не претставува опасност по домаќинствата.

Пожарите што избувнаа на депониите во Кратово и Делчево се ставени под контрола; откако ќе се договори нивното догаснување, ќе се премине на затрупување и изолација на теренот. Од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат до граѓаните на крајна внимателност при престој на отворено и во природа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи