Пет активни пожари – сѐ уште гори кај Грачани и Никиштани
ЦУК: во изминатото деноноќие регистрирани 42 пожари, пет се активни, пет ставени под контрола и 32 изгаснати.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти утрово дека во изминатото деноноќие се регистрирани 42 пожари низ државата, од кои по пет се активни и ставени под контрола, а 32 се изгаснати.
Ситуацијата околу Скопје и регионот
Активни пожари сѐ уште гори кај селата Грачани и Никиштани во општина Ѓорче Петров. Има активно горење на шума и на територија на Косово.
Пожар е пријавен и на местото викано Рамно во селото Брест, во општина Чучер-Сандево, на Скопска Црна Гора.
Во општина Струга има пожари кај селата Буринец, Локов и Селце; во Македонски Брод кај селото Белица; а во Брвеница кај селото Милетино.
Под контрола се пожарите кај селата Кнежино и Добреноец, како и кај селото Тајмиште во општина Кичево, пожарот кај селото Копаница во Сарај, пожарот кај градската депонија во Делчево и пожарот меѓу селата Руѓинце и Орах во Старо Нагоричане.
Според ЦУК, 32 пожари се изгаснати на различни локации низ државата, меѓу кои во општините Петровец, Гази Баба, Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Сарај, Теарце, Кратово, Куманово, Липково, Берово, Штип, Струга, Кичево, Долнени, Битола, Новаци, Гевгелија, Ново Село, Струмица, Крушево, Охрид и Градско.
Во Скопје е регистриран густ чад; властите велат дека загадувањето на воздухот над главниот град доаѓа од три нови пожари на отворен простор во околината.
Фото: ДЗС


