Почетна
Македонија

Пет собраниски комисии ќе ги разгледуваат стратегии, закони и судски извештаи

Собраниските комисии ќе расправаат за национални стратегии за безбедност и спречување корупција, проверка на странски инвестиции и извештаи од правосудството за 2025 година.

·Македонија
Пет собраниски комисии ќе ги разгледуваат стратегии, закони и судски извештаи

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисиии, со богата агенда што опфаќа предлог‑закони, национални стратегии и низа годишни извештаи од правосудните органи.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја одржи 49. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлог‑националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026‑2030 година.

Законодавни и судски прашања на повеќе комисии

На 190. седница Законодавно‑правната комисија ќе ја разгледува истата Предлог‑стратегија за безбедност на сообраќајот 2026‑2030 и на дневен ред ќе има предлог‑закони за ратификација на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, Протокол со Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, како и договори за соработка во областа на одбраната со Словенија и Португалија.

Во прво читање, Законодавно‑правната комисија ќе го разгледува и Предлог‑законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, како и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026‑2030 година.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе заседава на 81. седница, на која на дневен ред се Извештајот на Судскиот буџетски совет за реализација на Судскиот буџет за 2025 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година, Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2025 година и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2025 година.

Планирани се и 60. и 53. седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Меѓу точките се утврдување на предлог‑листа за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, предлог‑одлука за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, како и именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

На дневниот ред се и предлог‑одлуки за измени во составот на собраниските комисии и пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави, како и предлози за разрешување и именување претседатели и членови на одборите што ги доделуваат државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Св. Климент Охридски“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи