Почетна
Македонија

По 11 години застој: продолжува изградбата на затворениот базен во Охрид

По речиси 11 години застој, Владата одвои 470 милиони денари (7,6 милиони евра) за завршување на затворениот базен што почна во 2015.

·Македонија
По 11 години застој: продолжува изградбата на затворениот базен во Охрид

По речиси 11 години застој, конечно ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид. Владата донесе одлука со која се овозможува продолжување на проектот, а за негово целосно завршување се обезбедени 470 милиони денари (7,6 милиони евра).

Изградбата на базенот започна во 2015, но проектот со години остана недовршен поради низа технички, финансиски и административни проблеми.

Анализа на Министерството за спорт

По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт извршило анализа на состојбата и утврдило потреба од измени на основниот проект, особено во делот на машинското одделение, снабдувањето со топла вода и потрошувачката на електрична енергија.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вели дека во изминатиот период се работело на надминување на проблемите што го кочеле проектот.

Со донесената одлука и со обезбедените средства, Владата и Министерството за спорт сега треба да ги уредат техничките промени и да продолжат работите за целосно завршување на објектот.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи