Почина актерот Серхат Мустафа Килич, пронајден мртов во стан
Пронајден во станот во Нуртепе откако не ги одговарал повиците — полицијата забележа модрици, обдукцијата ќе ја утврди причината

Актерот Серхат Мустафа Килич (51) почина откако беше пронајден без знаци на живот во својот стан во Истанбул.
Според извештаите, неговата девојка го пронашла во станот во населбата Нуртепе во Каѓитане поради тоа што не успеала да стапи во контакт со него уште од четвртокот. На местото на настанот пристигнале екипи на итна помош и полиција, но лекарите само можеле да констатираат смрт.
Полицијата забележа модрици — причината ќе ја утврди обдукцијата
При првичниот преглед полицијата забележала модрици во пределот околу очите, како и на рацете и нозете. Засега нема официјална потврда дали овие повреди имаат директна врска со причината за смртта. Точната причина за смртта ќе стане позната по завршувањето на обдукцијата и форензичките анализи.
Серхат Мустафа Килич е роден на 8 јули 1975 година во Анкара. Завршил студии по глума на Универзитетот Билкент и низ кариерата оствари значајни улоги на театарската сцена, на телевизија и во филмот.
Македонската и регионалната публика го паметат по улогите во хит-сериите „Езел“, „Seksenler“, „Söz“ и „Kuruluş: Osman“, како и по учеството во филмовите „Veda“, „Kış Uykusu“, „Nokta“ и „Mavzer“.
За серијата Езел, која беше особено популарна во Македонија, главната приказна го опишува Омер Учар — млад човек посветен на семејството, чиј живот е разрушен откако пријателите го обвиниле за кражба и убиство. По години страдања и злоупотреба во затвор, и со помошта на менторот Рамиз, Омер се враќа како Езел Бајрактар, променет и решен да побара одмазда.
Фото: прес-материјал од настанот


