Почина Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска и осуден за геноцид
Медиумите во Србија јавуваат дека Младиќ починал на 85 годишна возраст; од 2024 година беше во притворската болница во Хаг под палијативна нега.

Медиумите во Србија јавуваат дека Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска и осуденик од судот во Хаг, починал на 85 годишна возраст.
Генералот долго време имаше сериозни здравствени проблеми — доживеа повеќе мозочни удари и од 2024 година беше сместен во притворската болница во Хаг, каде добиваше палијативна нега. Судот повеќепати го одби барањето да биде пуштен на привремена слобода за лечење во Србија.
Обвиненија, процес и пресуда
Младиќ беше уапсен во мај 2011-тата година во село во близина на Зрењанин, по 16 долги години криење, а судскиот процес против него започна наскоро потоа на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (Хаг).
Трибуналот го обвини за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војувањето за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992-та до 1995-та година. Во 2017-тата година Хашкиот трибунал го осуди на доживотен затвор заради геноцид и злосторства против човештвото.
Трибуналот го прогласи за виновен и за прогон, истребување, убиства, депортација, присилно преместување, тероризирање, незаконски напади врз цивили и земање заложници. Младиќ тврдеше дека тој само го бранел својот народ и својата земја.
Фото: прес-материјал од настанот