Почетна
Македонија

Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје‑Блаце: 10,5 км за поврзување со Косово, Црна Гора и пристаништа

Втората фаза од автопатот Скопје‑Блаце е долга 10,5 км, ќе ја изведува „Гранит“ АД и ќе се гради со заем од ЕБОР и грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан; рок четири години.

·Македонија
Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје‑Блаце: 10,5 км за поврзување со Косово, Црна Гора и пристаништа

Денеска е поставен камен‑темелник за втората фаза од автопатот Скопје‑Блаце, делница долга 10,5 километри која, според Владата, треба да го зацврсти положбата на Македонија како крстосница на Балканот и да отвори копнен пристап кон барем две пристаништа на Јадранот.

На свеченоста Александар Николоски, заменик‑претседател на Владата и министер за транспорт, нагласи дека проектот ќе ја поврзе земјата со Косово и со Црна Гора и дополнително ќе отвори релации кон пристаништето Драч и до пристаништето Бар.

Технички карактеристики и изведувач

Новите 10,5 километри ќе го продолжат патот од потегот Стенковец по веќе изградените 1,5 километри. За изведба е ангажирана домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје, а рокот за завршување е четири години. На трасата се планирани 5 тунели, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови.

„-Кога оваа Влада беше формирана во 2024 година, јасната политика и визија на премиерот Христијан Мицкоски беше дека Македонија треба да стане крстосница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори — Коридорот 8 (Исток-Запад) и Коридорот 10 (Север-Југ) се пресекуваат, а на нив се надоградуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6 којшто води од тука, и на тој начин да можеме државата да ја направиме срце на Балканот. Денеска почнуваме таков проект којшто оди во таа насока и само со една таква јасна политика и јасна визија ова може да се случи, затоа што секоја Влада има различни приоритети, приоритетот на оваа Влада е напредок, соработка, економски развој и на тој начин развој на државата и на целиот регион - рече Николоски забалагодарувајќи се на поддршката за реалзизацијата на проектот."

Финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, неговиот косовски колега Албин Курти, вицепремиерите Љупчо Димовски и Беким Сали, министри, пратеници, претставници на меѓународните финансиски партнери и амбасадори.

Фото: МИА 

Поврзани написи