Почетна
Македонија

Под контрола е пожарот кај железничката пруга во Прилеп, нема опасност за објектите на „Комуналец“

Огнот зафатил мал дел од стопанскиот двор близу пругата, нема опасност за објектите на ЈП „Комуналец“.

·Македонија
Под контрола е пожарот кај железничката пруга во Прилеп, нема опасност за објектите на „Комуналец“

Пожарот што избувна попладнево околу 15 часот покрај железничката пруга на периферијата од Прилеп е ставен под контрола, информираат од ЈП „Комуналец“.

Огнот зафатил површина во близина на Стопанскиот двор на комуналното претпријатие, но благодарение на брзата интервенција нема никаква опасност за платото за доселекција на отпад и објектите на претпријатието.

Интервенирале противпожарните екипи и вработените на Комуналец

На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Прилеп со неколку противпожарни возила, а во гаснењето се вклучиле и вработените од ЈП „Комуналец“ со цистерни и градежна механизација.

Според првичните информации од јавното претпријатие, огнот зафатил само мал дел од Стопанскиот двор, исклучиво покрај пругата, и беше локализиран пред да се прошири кон останатите делови на депото.

Пожарот, како што се наведува, избувнал веднаш по поминувањето на возот на релација Прилеп – Битола. Не се пријавени повредени лица и моментно нема опасност за инфраструктурата на ЈП „Комуналец“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи