Почетна
Македонија

Подгответе ги чадорите: од утре до вторник најавени повремени врнежи, локално и над 60 л/м2

Циклонска активност ќе донесе пообилни врнежи в недела и во понеделник; УХМР предупредува на локално поголеми количини.

·Македонија
Подгответе ги чадорите: од утре до вторник најавени повремени врнежи, локално и над 60 л/м2

Под влијание на циклонска активност, времето од утре до вторник ќе биде претежно облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд, соопшти УХМР. Најинтензивните врнежи се прогнозираат в недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Каде ќе биде најмногу дожд?

УХМР предупредува дека на повеќе места може да наврне поголема количина од над 25 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на периодот локално и над 60 литри на квадратен метар. Како особено критични се посочуваат периодите со пообилни врнежи в недела и в понеделник навечер до утринските часови кон вторник.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, со променлив интензитет од утре до вторник. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се предвидува да наврне над 40 литри на квадратен метар дожд.

Поради продор на постуден воздушен бран, температурите ќе бидат пониски од претходните денови. Граѓаните треба да се подготват за локално интензивни врнежи и можна акумулација на вода на коловозите и во пониските места.

Возачите се советуваат да возат со намалена брзина и да држат поголема безбедна дистанца на мокри патишта, а сите кои планираат патување или активности на отворено да ги следат информациите и упатствата од УХМР.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи