Почетна
Македонија

Полски нуркач постави светски рекорд: 338 м во Врело кај Матка

Полскиот нуркач достигна 338 метри во Врело; асцензијата и декомпресијата траеја речиси девет часа.

·Македонија
Полски нуркач постави светски рекорд: 338 м во Врело кај Матка

Полскиот нуркач Бартломеј Питала стигна до длабочина од 338 метри во подводната пештера Врело кај Матка, постигнувајќи рекорд за најдлабоко истражување на подводна пештера од страна на човек.

Нуркањето беше дел од меѓународна експедиција што ги обедини нуркачите од Полска, Македонија и Италија. Питала продолжи понатаму од претходно поставената водилка, која минатата година достигна до 287 метри, и влезе во нови делови од пештерата.

Декомпресија и логистика

На длабочина од 338 метри, Питала одлучи да не ризикува понатаму, иако преминот продолжувал стрмно надолу. "Бев човекот кој стигна најдлабоко " напиша тој по нуркањето.

Престојот под 300 метри траеше околу минута и половина, но враќањето на површината беше исклучително сложено и продолжи речиси девет часа, вклучувајќи повеќе од осум часа декомпресија.

Во експедицијата учествуваа седум нуркачи за поддршка, а во пештерата беа поставени повеќе од 25 безбедносни боци со кислород. За итни случаи, во Скопје беа подготвени хеликоптер и хипербарична комора.

Подвигот ја става пештерата Врело во центарот на вниманието на меѓународната нуркачка јавност. Истражувањата на нејзините подводни премини продолжуваат, но екстремните услови, притисокот и долгата декомпресија ја прават секоја експедиција исклучително сложена и ризична.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи