Почетна
Спорт

Поранешен англиски репрезентативец Андрос Таунсенд прегазен од валјак во Тајланд

Таунсенд беше погоден од моторен валјак за време на полувремето, но подоцна влезе како замена.

·Спорт
Поранешен англиски репрезентативец Андрос Таунсенд прегазен од валјак во Тајланд

Поранешниот англиски репрезентативец Андрос Таунсенд доживеа бизарна незгода за време на загревањето на полувремето од натпреварот во тајландската лига меѓу Прачуап и Патани, кога моторен валјак за одржување на теренот удрил во него и му поминал преку нозете речиси до половината.

35-годишниот Андрос Таунсенд, некогаш фудбалер на Тотенхем, излегол од просторот предвиден за загревање за да му ја додаде топката на соиграч, но не забележал дека зад него се приближува валјакот кој го управувал работник на стадионот.

Валјакот го соборил Таунсенд на земја, а потоа продолжил преку неговите нозе. Возачот веднаш излегол од возилото и се обидел да го подигне валјакот за да го ослободи фудбалерот.

Видео и настап

Снимки од инцидентот се шират на социјалните мрежи — едно видео објавено на 19 септември 2026 година покажува поширок агол на моментот кога Таунсенд е удрен од валјакот. И покрај шокот, тој успеал да стане и повторно да се загрее.

На крајот Таунсенд влезе во игра како замена во финишот на натпреварот, кој Прачуап го доби со 3:0. По мечот, преку Инстаграм ја коментираше целата случка со шега: „Излезе дека гостувањето кај Стоук и не било толку лошо”.

Фановите и коментаторите беа изненадени што Таунсенд излезе без сериозни повреди и успеа да се појави на теренот во последните минути од победата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи