Почетна
Македонија

Повредена срна на патот Кичево–Демир Хисар однесена во клиника, активисти ѝ притекнаа во помош

Активистите ја преземаа повредената срна и ја носат во ветеринарна клиника за хоспитализација и понатамошен извештај.

·Македонија
Повредена срна на патот Кичево–Демир Хисар однесена во клиника, активисти ѝ притекнаа во помош

Срна која попладнево беше пријавена дека е повредена на патот Кичево–Демир Хисар по судир со автомобил, е преземена од активисти за заштита на животните и се превезува кон ветеринарна клиника за згрижување.

Активисти ѝ притекнаа во помош откако била оставена на патот

Во објава во една група за заштита на животни на социјална мрежа е објавена фотографија од повреденото животно, кое е сместено во багажник од автомобил додека волонтерите го пренесуваат.

Според првичните информации, срнадокот бил тешко повреден откако го удрил автомобил, а возачот продолжил и го оставил на коловозот. Локални активисти организираа интервенција и ја превземаа срната со цел да ѝ се обезбеди ветеринарна помош.

Во објавата стои: “Срнакот кој беше удрен на патот за Кичево е превземен, моментално се превезува до клиника каде ќе биде хоспитализитан и од каде ќе објавиме апдејт“, пишува во објавата.

Волонтерите апелираат на внимателно возење на делницата меѓу Кичево и Демир Хисар и ги повикуваат очевидците со дополнителни информации да пријават. Очекувано е клиниката да објави подетален извештај за состојбата на животното по приемот.

Фото: Фејсбук / Animal Voice

Поврзани написи