Почетна
Македонија

Пожари во Тетовско и Мариово: повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште

Доброволци го спречиле огнот да стигне до манастир во Туденце; Центарот за управување со кризи издаде портокалово предупредување.

·Македонија
Пожари во Тетовско и Мариово: повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште

Во мариовското Чаниште беа опожарени повеќе од 20 куќи и плевни, а четворица жители побараа медицинска помош поради вдишување чад, информираат надлежните. Постоји сомнеж дека пожарот бил подметнат.

Во тетовското Туденце пожарот се проширил до манастирскиот комплекс, а поради недостиг од противпожарни екипи во гасењето се вклучија и доброволци од Скопје, Гостивар и Тетово. Дирекцијата за заштита и спасување оцени дека нивната помош била клучна за да се спречи напредување на огнот до самиот манастир.

Известување и препораки од ЦУК

Од Центарот за управување со кризи беше издадено портокалово предупредување поради висок ризик од пожари на отворен простор. „Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Северна Македонија. Апелираме на особена внимателност“, велат од ЦУК.

Надлежните апелираат да не се пали оган на отворен простор и во близина на сува трева или шума, граѓаните да го избегнуваат движењето во високоризични подрачја и да пријават пожар на телефон 112 доколку го забележат.

Земјата се соочува и со топлотен бран проследен со тропски температури; Управата за хидрометеоролошки работи известува дека високите температури ќе продолжат и во следните денови.

Пожарите кои ја зафатија земјата оваа недела, според надлежните, се гаснат од земја и од воздух, а на терен е мобилизирана целата расположлива механизација.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи