Почетна
Македонија

Пожарот кај Ново Село не бил случаен – полицијата ги приведе сторителите

Лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани; за гасење интервенираа три авиони и повеќе наземни екипи.

·Македонија
Пожарот кај Ново Село не бил случаен – полицијата ги приведе сторителите

Пожарот кај Ново Село бил намерно предизвикан, сторителите идентификувани и евидентирани

Вчера околу 13:30 часот избувнал пожар во близина на депонијата кај Ново Село, кој брзо се проширил кон околните ридови и шумски појаси; полицијата соопшти дека лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани.

Интензивна интервенција и отежнати услови за гаснење

Во гаснењето беа вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, екипи на ЈКП „Комуна“, вработени во општината и компанија која со камиони кипери носеше земја на теренот.

За случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица, а од надлежните е појаснето дека огнот излегол од просторот на депонијата и зафатил околна вегетација, ридови и шумски делови.

Од струмичката противпожарна единица истакнаа дека гаснењето било отежнато поради високите температури, силниот ветер, сушната вегетација и големото количество отпад, што овозможило пожарот да се шири многу брзо. Во текот на ноќта на терен останаа три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители кои продолжија со интервенцијата.

Јавноста беше повикана да не се приближува до опожареното подрачје и да ги следи насоките на службите кои интервенираат. Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пожарот зафатил дел од депонијата, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

Во меѓувреме, кумановските пожарникари два часа го гаснеле огнот во Средорек; при таа интервенција изгорела и една сендвичарница.

Фото: ЦУК

Поврзани написи