Почетна
Свет

Предупредување: 40 проценти од плажите во Португалија во ризик од исчезнување до 2100 година

Гринпис предупредува дека порастот на морето, бурите и урбаната изградба ја изложуваат голем дел од португалските плажи на исчезнување.

·Свет
Предупредување: 40 проценти од плажите во Португалија во ризик од исчезнување до 2100 година

Гринпис предупреди дека Португалија се соочува со сериозни ризици на својата крајбрежна линија и дека околу 40 проценти од плажите се во опасност од исчезнување до 2100 година ако не се преземат мерки.

Во новиот извештај со наслов „Уништување по целата крајбрежна област - Портрет на португалското крајбрежје во опасност“ се наведува дека комбинацијата од забрзан пораст на нивото на морето, ерозија предизвикана од бури и децении развој и урбан притисок ја зголемиле изложеноста на ризик.

Извештајот посочува дека бурите што се случија на почетокот на годинава ги влошиле процесите на повлекување на плажите, при што на многу места плажите се повлекле помеѓу 10 и 20 метри, а некаде и до 40 метри. Португалија со крајбрежје долго околу 2.500 километри и пораст на нивото на морето побрз од глобалниот просек е означена како „епицентар“ на влијанијата од климатските промени.

Кој е изложен на ризик

Повеќе од 100.000 лица што живеат во крајбрежните области се проценува дека се изложени на ризик од поплави. Податоците на Португалската агенција за заштита на животната средина (APA) покажуваат дека на повеќе од 25 проценти од брегот на копното морето се движи кон внатрешноста до два метра годишно во некои региони. Најалармантна е ситуацијата во Каскаис, со просечно зголемување на нивото на морето од 9,7 сантиметри во последните 25 години.

Директорот на португалската филијала на Гринпис, Тони Мелајоки Ресерио, вели: "не можеме да чекаме плажата да исчезне, карпата да се сруши или инфраструктурата да биде загрозена и дека со оглед на сите достапни сознанија, сега треба да се донесат политички одлуки за „заштита на луѓето, природата и територијата што им припаѓа на сите".

Извештајот дополнително укажува дека причините не се само климатски: проширувањето на урбаните средини и туризмот, прекумерната изградба во чувствителните области и вештачкото обликување на крајбрежјето го намалиле капацитетот на природните системи како дините и солените мочуришта, кои вообичаено ја штитат обалата од ерозија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи