Премиерот Мицкоски отпатува за Белгија — дел од посетата е службена
Од Владата велат дека приватниот дел ќе биде во Бриж, а службениот во Брисел; не се дадени детали за средбите.

Премиерот Христијан Мицкоски отпатува на најавуваната екскурзија во Белгија, која, како што самиот кажа, ќе опфати четири дена престој во Бриж и четири дена во Брисел.
Од Владата потврдуваат дека посетата има и приватен и службен карактер: приватниот дел ќе го помине во Бриж, а службениот во Брисел. Не е соопштено која институција во Брисел ќе ја посети и со кого ќе има службени средби.
Веројатност за официјални средби
Во овој период администрацијата на Европската унија формално е на колективен одмор до 15 август и функционира само со основни тимови за итни одговори и ротација на администрацијата, што ја намалува веројатноста за одржување формални средби со претставници на институциите на ЕУ.
На прашање дали ќе патува со комерцијален лет или со државниот авион, Владата информира дека тој заминал со лет за Виена и бил сместен на седиштето 11д. Владата наведува и дека премиерот сам си ја плаќа патувачката.
Како што посочуваат од Владата, согласно меѓународниот протокол за неговото патување, државата-домаќин и македонската амбасада во Белгија биле информирани.
Фото: прес-материјал од настанот