Почетна
Македонија

Превозниците во Струга од утре го стопираат превозот до 11 села

Тие бараат исплата во рок од 15 дена и ревизија на зонските цени; градоначалникот Ќура вели дека општинскиот долг е 60.000 евра.

·Македонија
Превозниците во Струга од утре го стопираат превозот до 11 села

Превозниците во Струга од утре го прекинуваат превозот до 11 села поради заостанати и со години неподмирени долгови од општината.

Како што наведуваат превозниците, тие ќе ја запрaт линијата до целосно решавање на проблемот: бараат исплата на сите заостанати долгови во рок од 15 дена и итна ревизија и корекција за зголемување на цените по зони согласно реалните економски услови.

Барања и рокови

Превозниците велат дека барањата до Локалната самоуправа биле испратени уште минатиот месец, но до денес нема решение, поради што од утре целосно го прекинуваат превозот. Одлуката ги опфаќа редовните линии до 11 села во околината на Струга.

Дополнително загрижува фактот што прекинот на линиите се случува само една недела пред почетокот на учебната година, па учениците од овие села ризикуваат да останат без превоз до училиште ако проблемот не се реши брзо.

Градоначалникот Ќура велi дека долгот изнесува 60.000 евра и дека општината ќе ги исплаќа парите етапно во рок од 2 до 3 месеци, додавајќи дека истите се наследени од претходната власт.

Превозниците, сепак, посочуваат дека долгот се однесува и на 2025 и на 2026 година и дека, и покрај нередовните исплати, продолжиле совесно и професионално да ја вршат дејноста, ставајќи го јавниот интерес пред сопствениот, но дека повеќе не можат да го финансираат услугата со свои средства.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи