Почетна
Македонија

Притворот на Дејан Јованов по случајот „Пулс“ истекува на 3 октомври

Адвокатката најави гаранција и побара писмена дозвола за нотарска заверка што ќе биде дел од гаранцијата.

·Македонија
Притворот на Дејан Јованов по случајот „Пулс“ истекува на 3 октомври

Притворот за Дејан Јованов, газдата на клубот „Пулс“ и еден од обвинетите за пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе, истекува на 3 октомври — датум по кој тој според законскиот рок не може да остане во ефективен притвор.

На денешното рочиште неговата адвокатка Ивана Коцевска најави поднесување на гаранција со која ќе се обезбеди присуство на рочиштата и побара од судот писмена дозвола за нотар да ја завери согласноста што ќе биде дел од гаранцијата.

Коцевска рече дека написи во јавноста ги смета за притисок насочен кон барање основа за нов притвор и дека тоа му го нарушува правото на нејзиниот клиент. Таа реагираше и на изјавата на јавниот обвинител Ненад Савески, кој најави разгледување можности за продолжување на мерката.

„Ново кривично дело е само изигрување со правата на обвинетите, но тука има сериозен притисок. Не се трудиме и не ја негираме одговорноста за настанот, туку бараме да му се почитуваат правата како обвинет, а оваа мерка е само за него, и покрај околностите со здравствената состојба кои не се ни за коментирање. Фер судење не е привилегија, туку е оснивен принцип на кој се темели една држава. Со свесност за предметот и тежината и сочувствување со сите засегнати од трагедијата со која никој не е рамнодушен, но треба да се докаже дека функционира правната држава“, изјави адвокатката Коцевска.

Правен рок и одлуки на судот

Судијката Дијана Груевска одговори дека законот ќе се почитува во целост и дека правата на обвинетиот до сега не биле загрозени. „ Точно е дека на 3.10 притворот мора да прекине, како ќе одлучи кривичниот совет понатаму ќе видиме“, рече судијката Груевска.

Според законот, обвинет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението. За случајот „Пулс“ тој рок истекува на 3 октомври, кога е исполнет годишниот лимит за ефективен притвор на Јованов. Во последните месеци судот прифати гаранции и им ги укина мерките на петмина обвинети кои беа во куќен притвор.

Фото: финиш на изборите во Шведска – опозицијата…

Поврзани написи