Приведени 13 возачи за 24 часа, осум возеле без дозвола
Министерството за внатрешни работи соопшти дека меѓу приведените има и странски државјани и возачи казнети за двојно над дозволената брзина.

На целата територија на државата, во рок од 24 часа, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради, како што наведуваат од Министерството за внатрешни работи, „безобѕирно управување возило“.
Од приведените, осум управувале возило без положен возачки испит: четворица во Скопје и по еден во Куманово, Тетово, липковско и Кичево.
Исто така, еден возач бил фатен под дејство на алкохол во Кавадарци, а еден во Велес управувал иако му е изречена мерка за забрана за управување моторно возило.
Странски државјани и брзо возење
Меѓу приведените биле и еден државјанин на Турција и еден државјанин на Украина, кои на автопатот А-1 во близина на Демир Капија, односно на автопатот Скопје–Велес возеле со двојно поголема брзина од дозволената. По завршување на истражните дејствија и целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни кривични пријави, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи: да не управуваат возило без положен возачки испит, да не управуваат ако им е изречена мерка за забрана за управување и да не управуваат под дејство на алкохол, велат од МВР.
Фото: МВР