Почетна
Македонија

Продолжи судењето на Ива Михаилова со искази на вештаци

Во судницата сведочеа вештаците; Михаилова тврди дека ѝ е оневозможено да се лекува надвор поради двојното државјанство и одземените документи.

·Македонија
Продолжи судењето на Ива Михаилова со искази на вештаци

Во Кочанскиот основен суд денеска продолжи судењето против Ива Михаилова од Кочани, обвинета за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици.

Во судницата даваа искази вештаците повикани за несреќата. Сопствената сала повторно беше преполна со бугарски политичари и роднини на Михаилова, која тврди дека поради нејзиното двојно македонско и бугарско државјанство е дискриминирана од македонските институции и ѝ се одбива можноста да се лечи надвор од Македонија.

Детали за случајот

Несреќата се случи во октомври лани; едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа ја отфрла вината и повторува дека несреќата не настанала по нејзина вина.

Михаилова доби поддршка од бугарските пратеници откако ѝ беше одбиено барањето за враќање на личните документи, кои ѝ се одземени како мерка на претпазливост за да не отпатува на лекување надвор од земјата.

Нјзиното барање беше одбиено од Основниот суд во Кочани на почетокот на август, а таа одлука подоцна ја потврди и Апелацискиот суд во Штип. Судењето ќе продолжи со натамошни вешташтва и процесни дејствија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи