Почетна
Македонија

Промовирана платформа „ЕкоСкопје“ за пријавување ѓубре и загадувачи во Скопје

Орце Ѓорѓиевски вели дека пријавите ќе минуваат низ ИТ‑одделението и најчесто ќе се пренасочуваат до Комунална хигиена.

·Македонија
Промовирана платформа „ЕкоСкопје“ за пријавување ѓубре и загадувачи во Скопје

Градот Скопје ја промовираше новата платформа „ЕкоСкопје“, наменета за пријавување полни контејнери, диви депонии и други форми на загадување од граѓаните.

Пријавите ќе поминуваат преку ИТ‑одделението, најчесто до Комунална хигиена

Платформата ја развиле млади луѓе, а ќе ја користат службите на Град Скопје и јавните претпријатија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека ова решение се разликува од досегашните затоа што пријавите од граѓаните ќе стигнуваат во ИТ‑одделението на Градот, кое ќе биде задолжено да ја одржува платформата и да ги пренасочува до надлежните служби — најчесто до „Комунална хигиена“.

Како што кажа младиот Андреј Божиновски: "платформата „Еко Скопје“ е направена да не може да се манипулира, односно, сите оние кое сакаат да пријават некој проблем, може да го поддржат тоа со фотографија, но локацијата ќе ја сликаат преку апликацијата во реално време, односно нема да може да се ставаат слики од полни контејнери и депонии, сликани одамна."

Според градските служби, целта е да се забрза реагирањето на терен преку доставување верификувани пријави директно до екипите задолжени за чистење и отстранување отпад. Како дополнителна придобивка, се очекува полесно откривање и намалување на дивите депонии.

Платформата ќе служи и како алатка за координација меѓу јавните претпријатија и Градот, а техничката поддршка и надзор ќе ги обезбедува ИТ‑одделението на Градот Скопје.

Фото: Град Скопје)

Поврзани написи