Пронајдено 4-годишното дете што исчезна во Голем
По неколкучасовна потрага и итен апел, детето од Македонија е пронајдено во близина на плажата кај Алто Маре.

Објавено во: Македонија 12 Август, 2026 19:36
Пронајдено е 4-годишното дете од Македонија кое денеска, на 12 август 2026 година, исчезна во Голем, во близина на Алто Маре. По објавениот итен апел за помош и неколкучасовната потрага, детето е пронајдено, информацијата за Македонски весник „Илинден “ ја потврди JOQ Albania.
Потрагата се концентрираше околу плажата и туристичките објекти
Според пријавата, детето го пријавило семејството веднаш откако забележале дека го нема, по што локалната полиција и тимови за пребарување и спасување започнаа со операции во областа на Голем, со посебен акцент на плажниот појас и околните туристички капацитети.
По неколку часа пребарување и по мобилизацијата поради итниот повик за помош, детето беше лоцирано. Надлежните тела засега не објавија детални информации за здравствената состојба на детето ниту за точните околности на исчезнувањето и пронаоѓањето.
Полицијата продолжува со работата на терен и не соопшти дали ќе следуваат кривични пријави или дополнителни истражни дејствија.
Фото: прес-материјал од настанот