Путин обвини Украина за мешање во изборите во Русија; Киев го осуди гласањето на окупираните територии
Путин тврди дека Украина го попречува мировниот дијалог и се меша во гласањето; Киев ја прогласи постапката на окупираните територии за незаконска.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека намерно ги попречува преговорите за ставање крај на војната и дека се меша во парламентарните избори во Русија, кои траат до утре. „ У краина одамна се претворила во диктатура. Украинското раководство не брза да одржи избори, но исто така се обидува да се меша во нашите работи“, кажа Путин, без притоа да понуд и докази.
Гласање на окупираните делови и реакции од Киев
Володимир Зеленски, чиј претседателски мандат е истечен, и други украински функционери тврдат дека во земјата не можат да се одржат избори сè додека е во сила вонредната состојба, воведена по почетокот на руската инвазија во февруари 2022.
За првпат гласањето за Долниот дом на рускиот парламент се одржува и на делови од Украина под руска контрола. Украинските власти остро ја осудија постапката како незаконска, а активисти и организации за човекови права велат дека жителите биле принудувани да учествуваат на изборите.
Руските власти наведуваат дека на териториите на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје има повеќе од 3,5 милиони гласачи. Тие беа незаконски анектирани од Русија во септември 2022, но и натаму не се под целосна контрола на Москва. Снимките од гласачките места покажуваат вооружени војници како го обезбедуваат гласањето. Путин истакна дека и руските војници вклучени во борбите ќе гласаат. „ Вашите избор и решителност уште еднаш ќе покажат дека зад нашите борци стојат милиони луѓе, дека сме обединет народ, поврзан со заеднички вредности, историско сеќавање и љубов кон татковината и дека никој не може да нè подели или заплаши, ниту да ги поткопа нашата државност и нашиот политички систем“, рече Путин во пресрет на изборите.
Властите во Киев го оценија гласањето на окупираните територии како незаконско и ги повикаа странските влади и меѓународните организации да не ги признаваат изборите. Тие ги предупредија Украинците дека учеството во организирањето на гласањето може да повлече кривична одговорност. Коалиција од девет украински организации за човекови права ги повика жителите на териториите под руска контрола да не излегуваат на гласање.
„ Членовите на локалните изборни комисии оделе од куќа до куќа, придружувани од руски војници и безбедносни агенти, за да ги принудат луѓето да гласаат. Властите поставени од Москва вршат притисок врз жителите. И м се закануваат со отказ на вработените во јавниот сектор доколку не гласаат, а исплатата на пензиите и другите социјални давачки ја условуваат со учество на изборите" , изјави Виолета Артемчук, координаторка на групата за човекови права "Донбас СОС".
Киев ги исмева изборите во Русија како „псевдоизбори“, нагласувајќи дека десет партии лојални на Кремљ учествуваат на гласањето, додека опозицијата е забранета.
Фото: АП)


