Путин се сретна со Масуд Пезешкијан во Аваза и понуди помош
Путин ја понуди поддршката на Русија, а иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го критикуваше ставот на САД и рече дека преговорите се во фаза на финализирање.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во Аваза, на средба посветена на можни решенија за ескалираната криза на Блискиот Исток.
Путин го увери својот ирански колега дека Русија е подготвена да помогне. „Вие ја знаете нашата позиција, господине претседателе, и ние сме подготвени да сториме сè што е во наша моќ за да Ви помогнеме во решавањето на оваа ситуација“, изјави Путин.
Пезешкијан одговори со критики кон американската страна и ги опиша тековните преговори како тешки, но сè уште активни.
Предлози, прилагодувања и посредници
Иранскиот претседател посочи дека се обидуваат да го придвижат процесот напред и дека преговорите продолжуваат и покрај напнатоста. „-Се обидуваме да го придвижиме процесот напред. Водиме разговор секојпат кога сме преговарале со нив (САД), тие повторно нè напаѓале. Сепак, нема да ја напуштиме преговарачкат а маса, а сега сме во фаза на финализирање – ние изнесовме одредени предлози, Американците дадоа нови предлози, а ние направивме одредени прилагодувања штом тоа се заврши, ќе можем е да седнеме со посредниците и да ги финализираме овие предлози,“ изјави Пезешкијан.
Средбата во Аваза ја истакна улогата на дипломатијата и на трети страни посредници во обидите за постигнување договор, со Русија која нуди поддршка и со Иран што нагласува дека ќе продолжи со преговорите.
Спорeд изјавите, Техеран веќе доставил предлози и планира да седне со посредниците откако ќе завршат корекциите и усогласувањата на документите.
Фото: прес-материјал од настанот


