Почетна
Балкан

Радев: Грција на 3 октомври ќе ни ги предаде моштите на цар Самуил

Договорот предвидува и реципрочен трансфер на историски и верски реликвии; два други саркофа ќе бидат предадени исто така.

·Балкан
Радев: Грција на 3 октомври ќе ни ги предаде моштите на цар Самуил

Премиерот Румен Радев соопшти дека на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун ќе се одржи церемонија на која посмртните останки кои им се припишуваат на цар Самуил официјално ќе бидат предадени на Бугарија.

Радев информира дека Советот на министри ќе го одобри текстот на договорот и ќе го овласти министeрот за култура да го потпише со својот грчки колега. Тој посочи дека документот предвидува реципрочен трансфер за складирање на историски, религиозни и културни артефакти и реликивии.

Како се дојде до договорот

Премиерот потсети дека настојувањето на бугарската држава да ги врати посмртните останки датира од 1965 година, кога грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос ги открил во базиликата изградена од цар Самуил на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро. "По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во неговата татковина", рече Радев.

На церемонијата во Солун ќе бидат предадени и останките од два други саркофази пронајдени во истата црква, за кои се тврди дека припаѓаат на царот Гаврил Радомир и на други членови од кралското семејство. По транспортот со авион до Софија, останките ќе бидат погребани во посебен саркофаг во црквата Света Софија.

Радев му се заблагодари на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за "државничката визија, политичката храброст и волја" што го овозможиле договорот и додаде: "Имавме историска чест да го постигнеме тоа".

Премиерот ги повика граѓаните да дојдат да им оддадат почит на 3 октомври во 12:30 часот на плоштадот „Кнез Александар I“ пред поранешниот Кнежевски дворец, по што останките ќе бидат пренесени во црквата „Света Софија“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи