Почетна
Македонија

Радиолошки технолози: столб на современата дијагностика и терапија

На Конгресот беше нагласена потребата од тимска работа и инвестиции во обука за повисок квалитет на здравството.

·Македонија
Радиолошки технолози: столб на современата дијагностика и терапија

Околу двесте радиолошки технолози присуствуваа на 12‑тиот Конгрес на Здружението на радиолошки технолози, каде што беше истакната значајната улога на технолозите во современата дијагностика и терапија.

Пораката: мултидисциплинарност и тимска работа

„Овогодишното издание на Конгресот има посебна тежина и значење бидејќи се одржува со силна и активна соработка и со Македонската асоцијација на радиолози (МАР), Македонската асоцијација на радиотерапевти онколози (МАРО) и докторите специјалисти по нуклеарна медицина. Оваа синергија меѓу радиолошките технолози, радиолозите, радиотерапевтите – онколози и специјалистите по нуклеарна медицина испраќа моќна порака: успехот во модерната медицина се темели на мултидисциплинарен пристап и тимска работа“, вели Ведрит Ибушоски, претседател на Здружението на Радиолошки Технолози.

Од организациските кругови и говорниците појаснија дека инвестициите во знаењето и професионалниот развој на радиолошките технолози директно се прелажуваат во повисок квалитет на здравствените услуги во целата земја.

Доц. д-р Соња Николова, Директор на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – Скопје и Претседател на Македонската асоцијација на радиолози – МАР, нагласи дека соработката има и практична димензија.

„Иднината на радиологијата не ја градат професии што работат една покрај друга, туку професионалци што работат заедно. Токму затоа МАР- Македонската Асоцијација на Радиолози, оваа година застана зад Конгресот на Здружението на радиолошки технолози на Македонија. Радиологот и радиолошкиот технолог се дел од ист тим а со развојот на новите технологии, радиотерапијата и минимално инвазивните имиџинг – водени третмани, таа поврзаност станува уште поважна“, објаснува доц. д-р Соња Николова.

Учесниците посочија дека целта на собирот е зацврстување на професионалните врски и побрзо воведување на современи имиџинг и третмански методи кои зависат од блиска соработка меѓу специјалистите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи