Почетна
Македонија

Расте насилството меѓу малолетниците — жртви +118%, прекршоци +54%

Извештајот за 2025 покажува зголемување на жртвите за 118% и детските прекршоци за 54%; советот предлага локални превентивни совети.

·Македонија
Расте насилството меѓу малолетниците — жртви +118%, прекршоци +54%

Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата во својот извештај за 2025 година предупредува на порастот на насилството меѓу малолетниците и на зголемувањето на бројот на деца-жртви кои се појавуваат во судските евиденции.

Според извештајот за 2025 година, бројот на деца жртви во судските евиденции е зголемен за 118 отсто, а детските прекршоци за 54 отсто. Меѓу децата сторители на насилство, побројни се девојчињата.

Причини: нарушени семејни односи и изгубен авторитет на родителите

Советот ги поврзува овие трендови со нарушените семејни односи и губењето на родителскиот авторитет. Членовите на советот оценуваат дека е потребно поголемо вклучување на родителите и на стручните служби во училиштата за навремено препознавање и спречување на проблемите.

Како мерка за подобра превенција предлагаат формирање општински совети во кои ќе учествуваат претставници од образованието, здравството и судството. "Веќе почнаа да се формирааат општински совети во Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чаир онаму каде што имаше случаи на меѓуврсничко насилство. Со тоа сакаме малку и град. Кога на локално ниво ќе ги идентификуваме ќе сфатиме дека сме различни и тогаш ќе може да помогнат општинските совети ", додава Советот.

Гордана Лажетиќ, претседателка на Државен совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, предупредува на пасивните реакции на сведоците: „Она тивкото одобрување на она што се случува како на пример снимање на настан наместо спречување и пријавување е нешто што не го оправдуваме. Сметаме дека треба да работат и стручните служби во училиштата и со децата и со родителите“ . Во извештајот се потсетува и на неколку недавни случаи на врсничко насилство, од кои најтрагичниот беше во Чаир, каде што 13-годишно момче загина, избодено со нож во тепачка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи