Речиси во сите општини починатите ги надминуваат родените
Во вториот квартал 2026: 3.684 родени, пад од 3% и негативен природен прираст од -1.005 лица.

Државата бележи уште една година на демографски пораз: во првите два квартали од 2026 речиси во сите општини бројот на починати е повисок од бројот на родени.
Податоците за второто тримесечје од 2026 година покажуваат дека бројот на живородени деца во земјава изнесува 3.684, што е пад од 3 проценти во споредба со истиот период лани. Природниот прираст на ниво на државата е негативен и изнесува минус 1.005 лица.
„Најдлабок негативен природен прираст е регистриран во Битола со минус 118. Следуваат Аеродром со минус 62, Куманово и Прилеп со по минус 59, Гостивар и Кочани со по минус 58, Велес со минус 57 и Охрид со минус 51. Дури и во главниот град Скопје природниот прираст е во минус со 36 лица.” Овие податоци се дел од кварталниот извештај објавен од Државниот завод за статистика.
Кои општини имаат најголем пад
- Скопје: -36
- Битола: -118
- Аеродром: -62
- Куманово: -59
- Прилеп: -59
- Гостивар: -58
- Кочани: -58
- Велес: -57
- Охрид: -51
- Тетово: 1 025 → 822 (2021 → 2025)
- Куманово: 1 011 → 829 (2021 → 2025)
- Чаир: 873 → 833 (2021 → 2025)
- Сарај: 618 → 575 (2021 → 2025)
- Гостивар: 583 → 440 (2021 → 2025)
- Струга: 543 → 474 (2021 → 2025)
- Кичево: 368 → 277 (2021 → 2025)
- Арачиново: 254 → 240 (2021 → 2025)
- Дебар: 169 → 148 (2021 → 2025)
Петгодишните податоци ја откриваат сериозната тенденција: во Тетово бројот на родени паднал од 1 025 во 2021 на 822 во 2025 година; сличен е падот и во Куманово, Гостивар, Струга и Кичево. Единствено Чаир и Арачиново покажуваат стабилни бројки без значајни промени.
Експертите наведуваат дека ваквите поразителни бројки се последица од низа фактори, меѓу кои одложување на формирањето семејства поради економски причини и општото стареење на населението. Но, според поранешниот директор на Завод за статистика Апостол Симевски најголемата причина за овие состојби се миграциите.
Статистиката јасно алармира дека без конкретни мерки за поддршка на младите и обемна демографска стратегија, земјата ќе продолжи да губи цела генерации, што долгорочно ќе предизвика намалување на ученичките клупи и празнење на населените места. За првпат во 2025 година, бројот на живородени деца во државата се спушти под 16.000.
Фото: прес-материјал од настанот


