Почетна
Свет

Рејтингот на Трамп падна на 32% — најниско ниво

Анкета: рејтингот на Трамп опадна од 35% на 32%, а регистрираните гласачи даваат 43% за демократите и 35% за републиканците.

·Свет
Рејтингот на Трамп падна на 32% — најниско ниво

Поддршката за претседателот Доналд Трамп падна на 32 проценти — најниско ниво регистрирано досега, покажува најновата анкета.

Во однос на претходниот мерење, неговиот рејтинг е намален од 35 на 32 проценти, а поддршката меѓу републиканците опаднала од 82 на 73 проценти.

Среднорочните избори на 3 ноември — предност за демократите

Анкетата покажува и промена во расположението пред среднорочните избори на 3 ноември. Меѓу регистрираните гласачи, 43 проценти велат дека би гласале за демократски кандидат, додека 35 проценти би го поддржале републиканскиот — најголема предност за демократите во годинешните анкети.

Во однос на надворешната политика, 34 проценти го одобруваат нападот врз Иран, додека 82 проценти сметаат дека конфликтот веројатно ќе трае подолго. За внатрешните теми, 36 проценти позитивно се изјасниле за неговиот пристап кон имиграцијата, а 35 проценти го одобруваат неговиот пристап кон борбата против криминалот.

Анкетата е спроведена онлајн меѓу 1.277 возрасни лица во САД.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи