РЕК Битола најави 180 MW фотоволтаици и 300 MWh батерии — трансформација на Пелагонија
Три фотонапонски електрани и систем за складирање: инвестициската рамка на РЕК Битола за трансформација на Пелагонија.

Најголемиот производител на електрична енергија во земјата, РЕК Битола, најавува голема промена на производниот портфолио во насока на обновливи извори и складирање, во обид да ја намали улогата на јагленот како извор на загадување во Пелагонија.
Во планот на компанијата се три фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќност од 180 мегавати, распоредени на околу 340 хектари во рамките на комплексот. Како дел од истиот пакет е и батериски систем за складирање со капацитет од 300 мегават-часови.
Сопственост на земјиштето и предвиден гасен блок
Од компанијата нагласуваат дека голем дел од предвидените локации се на Република Македонија или во сопственост на АД ЕСМ, што може значително да го скрати периодот на реализација со прескокнување на долгите процедури за експропријација и решавање на имотно-правни односи. Во планот е вклучена и гасна централа од 250 мегавати која би била поврзана со топловодниот систем за Битола.
Тони Ангелевски, помошник директор за развој и инвестиции во РЕК Битола, појаснува дека проектите треба да овозможат економско раздвижување преку изградба и вклучување на локални бизниси во снабдувањето, а нивната реализација е предвидена во следните 5 до 7 години.
„ Пелагонија не треба само да го замени јагленот со нови производни капацитети, туку да изгради нова економска перспектива. Приоритет треба да бидат обновливите извори, складирањето, модерна мрежа, нови зелени работни места и преквалификација на работниците, но и поголемо учество на локалните заедници и бизниси. Гасната централа не треба да стане нова долгорочна зависност. Сега е моментот инвестициите да ја насочат Пелагонија кон чиста, отпорна и диверзифицирана економија, а не кон нова фосилна инфраструктура,“ велат од ЕК O-с вест.
Клучното прашање за регионот ќе биде дали трансформацијата ќе ја подобри квалитетот на воздухот и ќе ги задоволи енергетските потреби, а истовремено ќе ја зачува економската стабилност на заедниците зависни од јагленот.
Фото: прес-материјал од настанот


