Почетна
Магазин

Роден во Австралија, но срцето му чука за Македонија – Благојче Стојановски - Туше со долга коса и минус 15 килограми

Фолк-изведувачот ги забавуваше гостите на крштевка во Вила Молика и потсети на младешката фотографија со долга коса и 15 килограми помалку.

·Магазин
Роден во Австралија, но срцето му чука за Македонија – Благојче Стојановски - Туше со долга коса и минус 15 килограми

Познатиот фолк-пејач Благојче Стојановски - Туше уште еднаш потврди зошто со децении важи за еден од најомилените изведувачи меѓу домашната и дијаспорната публика. На своите социјални профили тој објави видео од последниот настап на кој ги забавуваше гостите на крштевка во Вила Молика во Битола.

Со препознатливата енергија и репертоарот полн со народни рефрени, Туше успеа да ги крене сите присутни на нозе и да направи вистинска веселба за присутните.

Статус, годишнина и гламурозен концерт

Атмосферата од видеото само го потврдува неговиот долгогодишен статус на естрадата. Минатата година тој беше крунисан со голем славенички концерт по повод 30 години кариера — на гламурозната прослава во Летната градина „Барон“ во Битола Туше ги испеа своите најголеми хитови пред повеќе од 600 гости.

Покрај гласот, јавноста редовно го истакнува и неговиот модерен имиџ — карактеристичното опавче, стилизираната брадичка и модерните патики наместо класични чевли. Пред некое време тој ги изненади фановите споделувајќи фотографии од пред петнаесетина години на кои изгледа речиси непрепознатливо: густа долга коса, скинати фармерки и 15 килограми помалку.

Иако потекнува од ресенскиот крај, Туше е роден во Австралија и има живеалиште во Сиднеј, каде долго време е еден од омилените пејачи меѓу нашите иселеници. Сепак, тој, сопругата и синовите решија да останат во родниот крај.

„Јас сум роден во Австралија, но моето срце е во Македонија и тука ќе остане! Имав можност да заминам, но воспитан сум така да не ги оставам родителите сами на старост. Решивме со фамилијата да останеме тука за нашите родители да се порадуваат со внучињата“, вели фолкерот. Зад него стојат бројни издадени албуми и десетици снимки од живи свирки, додека песната „Прашај ги свирачите“ останува негова лична карта. Со синови кои чекорат по патот на музиката и спортот, Туше продолжува да реди хитови и да покажува дека добра песна и искрена емоција немаат граници.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи