Почетна
Македонија

Рокас: Фон дер Лајен во посета на регионот за две до три недели, се надева на одлучувачки ефект

Рокас од граничниот премин Табановце рече дека посетата може да биде одлучувачка за почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

·Македонија
Рокас: Фон дер Лајен во посета на регионот за две до три недели, се надева на одлучувачки ефект

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во наредните недели ќе го посети регионот и дека тој се надева посетата да донесе дополнителен поттик за евроинтеграцијата на земјата.

Рокас тоа го изнесе додека присуствуваше на настан на граничниот премин Табановце, наведувајќи дека во последниот период се вложуваат значителни напори за создавање услови за натамошно напредување во пристапниот процес.

Детали за распоредот

„Се надевам дека набргу ќе имаме регионална посета од страна на ретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа треба да се реализира за две до три недели, така што се надевам дека нејзината посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор кон почнување на пристапните чекори со Европската Унија“, рече Рокас.

Тој оцени дека таква регионална посета може да биде пресудна за откочување на преговорите, но не даде сигурно ветување дека тоа веднаш ќе резултира со почеток на пристапни преговори.

На дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, Рокас рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи