Почетна
Македонија

Романец и Холанѓанец добија условна казна, парична казна и забрана за возење откако беа фатени со над 175 км/ч кај Демир Капија

Основниот суд во Неготино им изрече условни затворски казни, парична казна и едногодишна забрана на Холанѓанец и Романец фатени од системот „Безбеден град“.

·Македонија
Романец и Холанѓанец добија условна казна, парична казна и забрана за возење откако беа фатени со над 175 км/ч кај Демир Капија

Романец и Холанѓанец, фатени како управуваат со возила со брзина повисока од 175 км/ч на автопатот кај Демир Капија, добија условни затворски казни, парични казни и забрана за управување со возило на територијата на Македонија.

Прекршоците биле регистрирани со системот „Безбеден град“. Д.Г.Т. (24), државјанин на Холандија, бил уапсен на граничниот премин Табановце на 5 октомври, а Г. М. (43), државјанин на Романија, на 6 октомври. Двајцата се обвинети за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило.

Од Основниот суд во Неготино велат дека врз основа на казнен налог им е изречена алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши ако обвинетите во рок од една година по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Покрај условната казна затвор, судот им ја изрекол и забраната за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од една година на територијата на Македонија, како и парична казна во висина од илјада евра во денарска противвредност.

Како што е наведенo во судските материјали, прекршоците биле откриени преку автоматизиран систем за мерење брзина поврзан со надзорната мрежа, по што следеле приведувања на граничниот премин и покренување на кривична постапка.

Со изрекувањето на овие мерки, Основниот суд во Неготино ја заврши постапката по казнен налог; обвинетите, сепак, имаат право да поднесат правни лекови согласно закон.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи