Русија ги вклучи окупираните украински региони во изборите за Дума
На вториот ден од тридневните парламентарни избори Москва вклучи делови од четири украински региони кои беа прогласени за дел од РФ во септември 2022 година.

Русија го одржува вториот ден од тридневните парламентарни избори, а првпат по анексијата во 2022 година Москва во гласањето за Државната дума ги вклучи и окупираните делови од украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
Гласањето започна на 18 септември и ќе трае до недела, 20 септември. Русите избираат 450 пратеници во Државната дума, а паралелно во повеќе региони се одржуваат избори за гувернери и регионални парламенти.
Овие избори се први парламентарни избори во Русија од почетокот на целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Анексијата и меѓународниот одговор
Москва формално ги прогласи Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон за дел од Руската Федерација во септември 2022 година, по референдуми одржани во услови на воена окупација. Тие референдуми и самата анексија не се меѓународно признати.
Европската Унија однапред соопшти дека нема да ги признае изборните резултати одржани на украинска територија. Русија и натаму не ги контролира целосно териториите на сите четири региони.
Фото: прес-материјал од настанот


