Почетна
Свет

Русија изградe тајни рампи за дронови што можат да стигнат до територии на НАТО

Аналитичари и снимки од сателит откриваат мрежа рампи и пренаменети бази кои им овозможуваат на руските дронови поголем домет и капацитет за масовни напади.

·Свет
Русија изградe тајни рампи за дронови што можат да стигнат до територии на НАТО

Низа сателитски снимки и протечени документи покажуваат дека Русија подигнала тајни центри за лансирање дронови со нови рампи и шини, кои, според странските аналитичари, ги ставаат делови од територијата на НАТО во дострел на напредни „самоубијци“.

Во истрагата беа идентификувани десет нови бази на кои е поставена надворешна инфраструктура за лансирање, како и најмалку 59 нови шини за лансирање долж руската граница со Белорусија и Украина. Околу 20 од тие шини се со продолжена должина, што укажува на можност за лансирање потешки, далечински типови со фиксно крило.

Нови варијанти и производствен капацитет

Протечените документи од украинската влада и анализа на снимките покажуваат дека Москва ја унапредува својата верзија на иранските модели: новите варијанти, наречени Геран‑4 и Геран‑5, може да носат товар од околу 90 килограми и да достигнат цели на речиси 1.000 километри. На една од локациите има простор за складирање на повеќе од 1.000 дронови.

Дел од центрите се пренаменети во бази од цивилни аеродроми или постоечки воени објекти, додека дополнителни рампи се изградени во рурални подрачја. Истражителите наведуваат дека системот е поврзан со производствени капацитети низ Русија, вклучително и специјалната економска зона Алабуга, која според информациите произведува околу 6.000 единици годишно.

„Кремљ значително ја прошири својата мрежа на дронови во обид да ја напаѓа Украина и да ги стави државите од НАТО под закана од такви напади“, изјави Мајк Моник, извршен директор и основач на DroneSec, кој ги анализирал сателитските снимки. Тој предупреди дека комбинираната појава на повеќе локации за лансирање и дронови кои стануваат потешки за пресретнување ја зголемува оперативната издржливост на Русија.

„Овие два елементи заедно овозможуваат зголемување на вкупниот број дронови што Русија може да ги користи за напади врз Украина и ја отежнуваат задачата на украинските сили да ги пресретнат поновите руски дронови“, рече тој.

Претставник на НАТО истакна дека алијансата е подготвена да реагира. „Алијансата е подготвен за одбрана на секој сантиметар“, нагласил тој, и додал дека Северноатлантската алијанса ќе продолжи „да ја зајакнува својата подготвеност за одвраќање и одбрана од секоја закана, вклучително и од дронови“. Западните разузнавачки извори предупредуваат дека таквите распореди ја зголемуваат опасноста од вооружени провокации против соседните членки на НАТО, иако нема јавни индикации за конкретен план за напад.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи