Почетна
Македонија

Сѐ уште активни пожари во Струга, Македонски Брод и Чучер‑Сандево

ЦУК: 34 пожари во последното деноноќие, седум ставете под контрола; ДЗС предупредува дека опасноста останува висока.

·Македонија
Сѐ уште активни пожари во Струга, Македонски Брод и Чучер‑Сандево

Сѐ уште горaт три пожари во општините Струга, Македонски Брод и Чучер‑Сандево, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на последното деноноќие се евидентирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола.

Каде има активни жаришта

Во Општина Струга пожарите се наоѓаат кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде гори нискостеблеста шума. Во Општина Македонски Брод гори кај селото Белица, поточно на местото викано Кајорец кон селото Брезница. Во Чучер‑Сандево пожарот е кај селото Брест, на местото викано Рамно на Скопска Црна Гора.

Под контрола се ставени следниве пожари: во Македонски Брод кај селото Бенче; во Кичево кај селото Тајмиште и над селото Кнежино; во Гостивар кај селото Печково; во Ново Село кај Стиник; во Карпош кај Бардовци; и во Сарај кај Копаница.

Ангелов: "Опасноста од пожари сè уште е на високо ниво, има неколку активни жаришта што интензивно се гаснат"

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера предупреди дека опасноста од пожари на отворен простор и понатаму е на високо ниво. Тимовите за гасење продолжуваат со интензивни активности и мониторинг на активните фронтови.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи