СДСМ: Цените достигнале таван, а владата на Мицкоски не презела мерки
Опозицијата посочи дека потрошувачката кошничка е речиси 90.000 денари и ги обвини властите дека не преземале економски мерки.

СДСМ денеска преку писмено соопштение ја оцени како неадекватна економската политика на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, откако трошоците за живот во последните месеци, како што наведуваат, стигнале до плафон во продавниците, на пазарите и во маркетите, додека платите стојат и стандардот опаѓа.
Во партиското соопштение се посочува дека потрошувачката кошничка достигнала речиси 90.000 денари со вклучена кирија, а просечната плата се намалила за 1.163 денари.
Опомена за нереализирани мерки
СДСМ обвинува дека цените на горивата пораснале — дизелот надмина 100 денари — и дека Владата на Мицкоски не презела конкретни мерки: не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%, не ја покачи минималната плата на 600 евра и не ги зголеми платите и пензиите.
Во партиското соопштение се вели: "На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес… За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите. Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери."
СДСМ предупреди дека симболични акции, како делумно обезбедување на школски прибор, нема да го решат проблемот додека не се донесат мерки кои ќе ја олеснат реалната финансиска положба на семејствата.
Фото: прес-материјал од настанот