Почетна
Политика

СДСМ и ВМРО‑ДПМНЕ продолжуваат со меѓусебни обвинувања по инцидентот во Ново Село

Младите социјалдемократи бараат истрага откако ВМРО‑ДПМНЕ, според нив, објавила доверливи полицијски документи од Струмица.

·Политика
СДСМ и ВМРО‑ДПМНЕ продолжуваат со меѓусебни обвинувања по инцидентот во Ново Село

Младите социјалдемократи денеска ја обвинија ВМРО‑ДПМНЕ дека на прес‑конференција објавила доверливи полициски податоци од Полициската станица Струмица и побараа итна истрага и одговорност за тоа како документите завршиле во рацете на функционери на опозициската партија. Според нив, материјалите биле искористени за политичка пресметка и, како што рекоа, јавен линч врз млади луѓе.

Од СДММ побараа и Внатрешната контрола при Министерството за внатрешни работи да утврди кој овозможил пристап до службените податоци. Партијата побара од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе соодветни пријави.

Реакции и обвинувања

"-ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика, тоа е кривично дело. Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против полициски службеници од Полициската станица Струмица кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци., рече Христијн Ефтимов од СДММ"

Во одговор, ВМРО‑ДПМНЕ објави конкретни информации за дел од лицата кои според партијата учествувале во инцидентот во Ново Село — имиња, полициски белешки, претходни кривични постапки и правосилни пресуди, меѓу кои и за насилство и за кривични дела поврзани со наркотични средства. На обвинувањето дека користеле полициски документи без овластување, партијата засега не одговори, туку рече дека со реакцијата СДСМ практично признала дека во инцидентот учествувале осудени лица и насилници.

"-Христијан Ефтимов, внук на Заеви, и Илија Стојанов, негов другар, се лица кои се условно осудени на година и пол условна казна затвор затоа што тепале странски државјани во Струмица. Истите овие деца Филипче ги претставува како жртви., рееч Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ."

Случајот во Ново Село почна откако СДСМ обвини дека нивни млади активисти биле физички нападнати за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски. Партијата тврди дека активистите мирно протестирале со порака поврзана со состојбата со водата во Гостивар. За обвинувањата дека доверливи документи излегле од Полициската станица Струмица, засега нема одговор од Министерството за внатрешни работи.

Напишала: Емилија Мисирлиевски

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи