Почетна
Македонија

СДСМ: Левица не гласаше за повисока минимална плата

Според СДСМ, пратениците на ВМРО‑ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не ја поддржаа иницијативата, а пратениците на ДУИ не беа присутни.

·Македонија
СДСМ: Левица не гласаше за повисока минимална плата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение ги обвини опозициската Левица и делови од собраниското мнозинство дека бојкотирале предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра.

Резултатот од гласањето и реакцијата

Во партиското соопштение се наведува дека за време на денешното гласање единствено пратениците од коалицијата на СДСМ и пратеникот Миле Цеков го поддржале предлог-законот, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН одбиле да дадат поддршка, а пратениците од ДУИ не биле присутни во собраниската сала.

СДСМ истакнува дека во прилог има фотографија од собранискиот монитор со деталните резултати од гласањето, која ја објави за да го илустрира однесувањето на другите политички партии.

Во партиското соопштение се вели: „На Светскиот ден за пристојна работа, Левица уште еднаш потврди дека е само сателит на Мицкоски и партија на далечинско управување. Јавно лажно се претставуваат како заштитници на работниците, а кога треба да се донесе одлука за нивните плати, ги оставаат пред врата“,

Од СДСМ порачаа дека работниците „не живеат од пароли и не ги плаќаат сметките со соопштенија и не ги полнат фрижидерите со политички претстави“, и најавија дека ќе продолжат со борбата за зголемување на минималната плата и заштита на работничките права.

Партијата потсети дека ова е третпат што СДСМ го поднесува предлог-законот за минимална плата од 600 евра.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи