Почетна
Македонија

СДСМ: Мицкоски спроведува српско‑руска агенда и намерно ја изолира Македонија

Опозицијата вели дека изоставувањето од евентуален план на ЕУ за конкретни датуми покажува намерна политика што отвора простор за влијание на Белград и Москва.

·Македонија
СДСМ: Мицкоски спроведува српско‑руска агенда и намерно ја изолира Македонија

Европската Унија, според објавени информации, размислува да одреди конкретни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристап за некои земји кандидати — потег во кој, според опозицијата, не е вклучена Република Северна Македонија.

Опозициската СДСМ обвини дека владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски спроведува српско‑руска агенда и намерна политика за изолација на земјата.

Реакција на СДСМ

Во соопштение, од СДСМ порачаа:

„Брисел спрема акциски планови за земјите најблиску до членство – Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија. Македонија е изоставена заедно со Србија, Косово и Босна, како земји што не мрднале. Ние први почнавме и сè уште чекаме затоа што арамијата не ги исполни реформите. Доби рок, го продолжи за една година. Вети 1 јуни, а оттогаш ни глас. Патоказот не се дава на банда. Се дава на институција“,

Од опозицијата велат дека застојот на евроинтеграциите најмногу им одговара на интересите на Србија и на Русија, бидејќи држи ја државата надвор од ЕУ и остава простор за влијание на Белград и Москва.

„Изолацијата не падна од небо. Ја работи кабинетот. Кој ги запира реформите, ја запира Европа. Кој ја запира Европа, ја предава земјата за туѓа агенда. Патоказот ќе дојде кога бандата ќе си оди“, додаваат од СДСМ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи