СДСМ обвинува дека министерката за финансии манипулира со податоците за јавниот долг
СДСМ обвинува дека бројките за јавниот долг се прикриени додека трае скандалот со Алта банка и објави табели за јуни и септември.

Опозициската Социјалдемократска унија на Македонија (СДСМ) обвинува дека министерката за финансии Гордана Димитриеска‑Кочоска и премиерот Христијан Мицкоски манипулираат со податоците за јавниот долг на државата за да се прикрие историското задолжување додека трае скандалот со Алта банка.
Партијата објави споредбени табели
Во соопштението СДСМ наведува дека „Кочоска објави дека во третиот квартал годинава јавниот долг пораснал за над 300 милиони евра во однос на вториот, и веќе во септември изнесува 11 милијарди евра. Јавниот долг се зголемеил, ама магично се намалил во проценти, од претходните 58,8 проценти во вториот квартал на 56,6 отсто од БДП во третиот квартал“.
Партијата прикачи табели кои споредбено ја претставуваат состојбата со јавниот долг во јуни и во септември и тврди дека податоците покажуваат несогласувања во објавените бројки.
Во соопштението опозицијата додава дека „Вакво фалсификување на податоци, велат опозицционерите, Министерството за финансии нема направено никогаш од осамостојувањето, дури ни, како што велат, во времето на премиерот Никола Груевски.“
СДСМ во друг дел од соопштението истакнува: „Вчера таа лично во јавност го потврди скандалозниот фалсификат со кој бесрамно реши да манипулира и да ги фингира податоците за јавниот долг. Тоа се поклопува со најцрниот извештај на ЕК. Овој криминален потег е само потврда за хаосот кој владее во институциите. Кочовска ги крие сите табели за јавен долг, СДСМ ги обелоденува“, велат од партијата.
Од партијата бараат појаснување од Министерството за финансии и јавно објавување на деталните табели и методологијата што е користена при пресметката на уделот на јавниот долг во однос на БДП.
Фото: прес-материјал од настанот


