СДСМ: Зошто по шест недели од труењето во Гостивар не е објавен извештајот за водата?
СДСМ бара објавување на целосниот епидемиолошки извештај и на анализите на водата, поранешно уверување од надлежните не ги смири граѓаните.

СДСМ побара објаснување шест недели по труењето во Гостивар, нагласувајќи дека над 5.000 луѓе завршија по болници и дека сè уште не е објавен документ со анализите на водата.
Партијата потсетува на изјавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај и прашува каде е целосниот извештај и зошто не е објавена целата анализа.
Опозициското соопштение ги обвинува институциите за недоследни пораки
Во соопштението СДСМ наведува дека во текот на кризата граѓаните добивале „различни и противречни информации“.
"-Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба. Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија – велат од СДСМ."
"-Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата. Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата – додаваат оттаму." Партијата прашува "кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна" и порачува дека "Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина".
Фото: прес-материјал од настанот