Почетна
Македонија

Се гради паркинг за пратениците кај Собранието во безбедносната зона

За уредување на просторот ќе бидат потрошени околу 1,6 милиони евра, а работите ги изведува „Стентон градба“.

·Македонија
Се гради паркинг за пратениците кај Собранието во безбедносната зона

На просторот во безбедносната зона околу Собранието се гради паркинг за возилата на пратениците и другите службеници, на местото каде што порано беше предвидена катна гаража. На увид беше и собранискиот спикер Африм Гаши.

„Одблиску го следев текот на градежните работи за уредување на просторот околу Собранието. Овој простор добива поуреден и пофункционален изглед, создавајќи подобри услови за паркирање и за секојдневните потреби на Собранието. Продолжуваме со конкретна работа и со внимание кон секој простор што придонесува за поефикасно функционирање на Собранието,“ објави Гаши.

За уредување на просторот и изградба на паркингот се предвидени околу 1,6 милиони евра, а на тендерот е избрана фирмата „Стентон градба“.

Почетниот план за тој парцелаш предвидуваше катна гаража висока 9 метри, при што 15 отсто од објектот можеше да служи како деловен простор, продавници или угостителски објекти. Подоцна, во Собранието беше донесен Закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона, со кој се забрани градба и беше најавено дека фирмата која го купила земјиштето ќе биде обесштетена.

Според властите, новото решение го прилагодува просторот на секојдневните оперативни потреби на институцијата и на пристапот на возила во рамките на обезбедениот периметар, како резултат на правните и урбанистичките одлуки донесени по продажбата на парцелата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи